Новости

Фудбал

Херојот на Јунајтед од натпреварот против Челси добива нов договор

Андер Ерера одигра одличен натпревар против Челси на „Стемфорд Бриџ“ и беше меѓу најзаслужните за лесната победа во дерби пресметката.

Ерера игра маестрално под водство на Оле Гунар Солскјер и е еден од играчите кои значително го подигнаа нивото на игра со доаѓањето на норвешкиот стратег на клупата на „Ѓаволите“.

Сега, медиумите на Островот пишуваат дека шпанскиот интернационалец е пред продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед.

Андер Ерера е пред потпис на нов тригодишен договор со кој ќе заработува по 100.000 фунти неделна плата.

GOLD
To Top