Новости

Фудбал

Хет-трик и дриблинг на денот: Нејмар докажа зошто вреди 220 милиони евра

Тимот на ПСЖ ја победи Црвена ѕвезда со 6:1, нанесувајќи му го најтешкиот европски пораз на белградскиот клуб во неговата историја.

Српскиот првак во првото коло го изненади фаворитот Наполи и одигра нерешено, па се надеваше дека во Париз ќе направи уште една сензација во гости, но Нејмар немаше милост.

Бразилецот заби три гола, од кои два од совршено изведени слободни удари.

https://twitter.com/10magnifique/status/1047653926491901952

Најдобар доказ за подобрената форма на Нејмар и потврда дека е најскапиот играч платен 220 милиони евра, покрај хет-трикот беше и неговиот дриблинг над Милош Дегенек, што сепак не заврши со гол.

УЕФА на својот Twitter профил го прогласи дриблингот за потег на денот:

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1047608767557357568

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Кајгана

GOLD
To Top