Новости

Фудбал

Храбар потег или? Од Севиља со трансфер во Вухан.

Фудбалерот на Севиља, и заменик капитен Даниел Карисо, го изненади целиот спортски свет со неговиот трансфер. Денес шпанските медиуми објавија дека 31-годишниот фудбалер својата кариера ќе ја продолжи во Кина во дресот на Вухан, градот кој е епицентар на смртоносниот вирус. Поради опасниот вирус Кинезите го одложија почетокот на новата сезона, која требаше да започне наредната недела. Карисо ова сезона не играше премногу поради проблем со повреда, и малкумина очекуваа да го напуштат клубот од Андалузија. Тој од финансиски причини решил да ја прифати понудата на Вухан.

Претходно, Карисо играше за Ридинг, Спортинг Лисабон, АЕЛ Лимасол и Олханенсе.

GOLD
To Top