Новости

Фудбал

Црвена звезда за неколку часа ја распродаде „Маракана“, нема веќе влезници за Лига на шампиони

Црвена звезда го направи најголемиот успех по 26 години откако се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите, а билетите за трите натпревари од групната фаза кои ќе се играат на „Маракана“ се продадени во рекордно време.

Денеска во десет часот почна редовната продажба на влезници за дуелите со Наполи, ПСЖ и Ливерпул, а по само неколку часа билетарата престана да работи бидејќи влезниците се распродадоа. Ред се чекаше уште од ноќеска, а најупорните дојдоа до вредното парче хартија.
Претходните денови во претпродажба беа влезници за членовите на клубот, а останатите билети се продадоа денеска. Тоа значи дека Црвена звезда ќе ја има максималната поддршка од трибините.
Огромниот интерес за билети само покажува каков е статусот на Црвена звезда во Србија и во регионот.
Извор: МКД
GOLD
To Top