Новости

Фудбал

Чапекоенсе е победник на Копа Судамерикана

Привремениот претседател на Јужноамериканската фудбалска федерација (КОНМЕБОЛ), Иван Тозо, потврди дека Чапекоенсе ќе биде прогласен за победник во Копа Судамерикана.

Бразилскиот клуб во вторникот доживеа страшна трагедија, откако во авионската несреќа загинаа 18 фудбалери и тренерот на тимот.

Авионот се урна во близина на аеродромот во Меделин, каде Чапекоенсе требаше да го одигра првиот од двата мече со Атлетико Насионал, во финалето на Копа Судамерикана.

Токму од Атлетико Насионал ја покренаа иницијативата титулата во ова натпреварување да ја освои Шапикоенсе.

„Добивме поддршка од сите федерации, а особено од граѓаните на Чапека. Луѓето во овој град живеат за фудбалот и го сакаат фудбалот. Ние во Чапек ќе тргнеме со изгадба на нов тим. Мора да продолжиме со оваа приказна“, порачале од бразилскиот клуб.

Инаку, бразилските фудбалски клубови ветија дека на Чапекоенсе ќе му помогнат со свои фудбалери, кои ќе ги испраќаат на позајмица, а од Фудбалскиот сојуз на Бразил ветија дека клубот во наредните три години, без оглед на резултатите, нема да може да испадне од лигата.

Чапекоенсе, најверојатно ќе добие место и во Копа Либертадорес, како шампион во Копа Судамерикана би требало да заработи околу седум милиони евра.

Евротип
Евротип
To Top