Новости

Фудбал

Челзи го казнува Диего Коста со три милиони евра

Раководството на Челзи ќе го казни напаѓачот Диего Коста со околу 3 милиони евра.

Казната е наметната откако Бразилецот побегна во Шпанија и ќе чека до јануари да премине во Атлетико Мадрид. Двата клуба преговарале за 28-годишниот напаѓач, но „сините“ сакаат 55 милиони евра, додека Атлетико дава само половина.

Депортиво и Бетис веќе изразиле желба да го изнајмат Коста додека не истече забраната за трансфер на Атлетико. Евертон исто така изразува интерес кон Бразилецот.

GOLD
To Top