Новости

Фудбал

Челниците на Јуве во Мадрид договарале три засилувања: Каков тим би биле доколку дојдат овие тројца фудбалери

И додека фудбалерите на Јувентус вчера гостуваа во Мадрид за да го одиграт првиот натпревар од 1/8 финалето од ЛШ против Атлетико Мадрид, челниците на клубот ја искористија оваа прилика за некои други работи.

Наводно челниците на Јуве преговарале со тројца фудбалери вчера во Мадрид, пренесува шпанскиот таблоид Дон Балон.

Сeпак, треба да се пренесе дека не се знае колку има истина во сево ова. Дон Балон пренесува дела Челниците на Старата дама договарале три засилувања и тоа Лука Модриќ, Рафаел Вара и Саул Нигез.

Јуве наводно е спремен да плати 30 милиони за Модриќ, помеѓу 50-60 за Варан и околу 100 милиони за Нигез.

Сепак, тешко е да се очекува дека можат да го добијат било кој од споменатите тројца фудбалери, а нам ни останува да видиме што ќе ни донесе летниот преоден рок.

GOLD
To Top