Новости

Фудбал

Чеферин: УЕФА ќе се избори со проблемите со допинг и местени натпревари

Александар Чеферин, рече дека во  УЕФА во 2017 година е поставен курсот за иднината. Тој истакна дека УЕФА во наредната година ја чека многу работа и дека напорите главно ќе бидат насочени кон борба против допингот и местење на мечевите.

„Реформите одобрени на конгресот во април, ја обезбедуваат потребната стабилност за исполнување на нашите функции. Комуникацијата со националните здруженија е зачувана повеќе од 60 години и останува камен-темелник на нашата работа. Го зацврстивме дијалогот и односите со заинтересираните страни – лигите и клубовите, исто така им доделивме и поголема улога во процесот на донесување на одлуките. Ќе имаме многу работа догодина. Ќе започне новиот турнир меѓу националните тимови – Лигата на нациите. Со нетрпение го очекуваме почетокот кој ќе го засили статусот на европскиот клупски фудбал. Цениме дека тоа ќе биде значаен извор на национална гордост и фудбалски идентитет. УЕФА ќе продолжи да се бори против допингот и местење на натпреварите”, изјави Чеферин.

Евротип
Евротип
To Top