Новости

Фудбал

Шевченко на вечера со Малдини, дали ќе биде нов тренер на Милан

Легендата на Милан, Андриј Шевченко,актуелен селектор на Украина, ќе го следи мечот меѓу Аталанта и Шахтјор во Лигата на шапмпионите, посетата на Италија ја искористи за средба со Паоло Малдини.

Шевченко и Малдини долго време играа заедно во Италија, тие се добри пријатели, Милан е во проблеми и најверојатно ќе го замени тренерот Марко Џампаоло, но прашање е кој ќе дојде на негово место.

Малдини и Бобан се дел од раководството на Милан, екипата се мачи во првенството, Шевченко е селектор на Украина но и добар пријател со двоецот од Милан.

Според „GazzettadelloSport“ посетата на Милано и вечерата на Шевченко со Малдини е само пријателска средба, засега Украинецот нема намера да го напушти кормилото на националниот тим на својата земја, иако не е исклучена можноста да седне и на клупата на Милан.

dribling.mk

GOLD
To Top