Новости

Фудбал

Шкендија поразена дома од Победа, Вардар на чело на табелата

Се чинеше дека Шкендија не треба да има проблеми во дуелот со Победа, и важеше за огромен фаворит. Меѓутоа прилепчани во денешното 7. коло го направија најголемото изнендување, победувајќи со 0:2 и тоа во Тетово. Нвабуезе и Танушев беа стрелци на головите за Победа во овој голем триумф.

На домашен терен пораз и за Академија Пандев. Ренова победнички си замина од Турново со 0:2. Стрелец на два гола за „гипсарите“ беше Влатко Стојановски.

Вардар со победата од 1:0 над Силекс (гол на Јуфо), се искачи на првото место на табелата. Вардарци до гол стигнаа во 71. минута кога по еден прекрасен удар, Бразилецот успеа да погоди во мрежата.

Беласица дојде до вториот триумф во сезоната победувајќи го Шкупи со 1:0 со гол на Балдовалиев. Македонија ЃП ја продолжи „агонијата“ на Работнички и го победи со 3:0 со головите на Стојчевски, Кировски и Божиновски.

РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Ак. Пандев – Ренова 0:2

Беласица – Шкупи 1:0

Македонија ЃП – Работнички 3:0

Шкендија – Победа 0:2

Вардар – Силекс 1:0

ТАБЕЛА:

  1. Вардар 17
  2. Ак. Пандев 15
  3. Шкендија 14
  4. Победа 11
  5. Работнички 9
  6. Беласица 8
  7. Ренова 7
  8. Македонија ЃП 6
  9. Шкупи 5
  10. Силекс 5
СН Брокер
To Top