Новости

Фудбал

Ангеловски: Сопругата ми е во болница, но момците ми дадоа ветување!

Македонија во третото коло од групата Ј во квалификациите за Светското првенство ја победи Германија на гостински терен со 2:1. Така, Македонија стана првата репрезентација која ја победи Германија во квалификациски натпревар за Светско по цели 35 натпревари. Ова за нашите фудбалери е нов голем успех, по историскиот пласман на Европското првенство. По натпреварот, селекторот Игор Ангеловски тешко наоѓаше зборови. „Што да ви кажам? Не можам ништо од емоција и среќа. Ги направивме Македонците среќни и горди. Ова е како освојување на Европско првенство.“ – рече Ангеловски, па истакна: „Дојдов со овие момци тука бидејќи ми ветија победа. Мојата сопруга лежеше во болница, имаше симптоми на КОВИД-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми дадоа поддршка. Благодарам на сите, не знам друго што да кажам? Единствено да заплачам.“ Горан Пандев во својата 37. година ја предводеше репрезентацијата до сензација. „Тој е неверојатен човек, лидер на екипата. Се бореа лавовски да испишат историја на својата земја.“ – заклучи македонскиот селектор.

GOLD
To Top