Новости

Фудбал

Ансу Фати добива клаузула од 400 милиони евра со новиот договор

Барселона ја научи лекцијата од случајот со Нејмар, кога имаше откупна клаузула од 222 милиони евра, а ПСЖ си ја плати и си го доби Бразилецот. Па така сега од Барселона немаат намера да ја направат истата грешка со својот мега талент Ансу Фати кој во октомври ќе стане полнолетен. Тогаш Барса ќе му понуди нов договор, многу поголем, а откупната клаузула ќе ја подигне до неверојатни 400 милиони евра. Засега таа изнесува 170 милиони, и од таму стравувањето дека таа сума би можел да ја плати Манчестер Јунајтед и да го купи Ансу Фати. Стравот на Барселона е поголем затоа што во овој град престојува португалскиот менаџер Мендеш, кој има за цел да го откупи договорот на младиот фудбалер и да го однесе на Островот.

GOLD
To Top