Новости

Фудбал

Арсен Венгер ја одби Барселона!

Арсен Венгер е надвор од тренерските води од 2018 година, кога по цели 22 години го напушти лондонски Арсенал. Во последните две години доби и одби неколку понуди, а пред с коро време добил повик и од Барселона. „Ле10Спорт“ јавува дека каталонскиот клуб го контактирал францускиот тренер со идеја тој да го наследи Кике Сетиен, па се разговарало дури и за условите во договорот и проектот кој Венгер би го започнал на „Камп Ноу“. Меѓутоа, 70-годишниот Венгер одлучил да ја одбие понудата на шпанскиот вицешампион и останува да работи на проекти на УЕФА и како стручен телевизиски коментатор. Се чини дека Барселона и понатаму не е сигурна кој ќе ја води екипата наредната сезона. На „Камп Ноп“ се надеваат дека Чави би можел да седне на клупата во 2021. или 2022. година, а дотогаш или ќе остане Сетиен или ќе се пронајде некое привремено решение.

Евротип
SNBROKER
To Top