Новости

Фудбал

Ашраф Хакими пред потпис со Интер

Интер е чекор од реализација на трансферот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид за 40 милиони евра. Репрезентативецот на Мароко ќе го одигра својот последен натпревар за Борусија Дортмунд, каде беше позајмен во последните две сезони. Хакими ја дал својата согласност за трансферот. Тој се надеваше дека ќе добие шанса на „Сантијаго Бернабеу“, но изгледа дека нема да се случи тоа. Реал има 13 позајмени играчи, од кои повеќето треба да се вратат по истекот на позајмицата, а ова станува проблем за Зинедин Зидан.

GOLD
To Top