Новости

Фудбал

Бабунски: Ја сакам публиката во Прилеп и кога вика по нас и кога навива

Екипата на Победа го одигра првиот прволигашки натпревар на домашен терен, но доживеа пораз од Тиквеш (0-1). Прилепската публика се врати во голем број, а тренерот Бобан Бабунски кажа дека е чест да се игра во таква атмосфера.

„За големо поздравување е масовното доаѓање на прилепскиот стадион. Многу за нас значи таа поддршка. Прилепската публика ми се допаѓа и кога критикува и вика по нас,исто толку и кога навива за нас. Тие страсни фудбалски љубители дали ќе навиваат, дали ќе викаат по нас, најбитно е секогаш да бидат масовно присутни на трибините.

Мечот со Тиквеш беше различен од претходниот со Струга. Имавме квалитетни моменти и идеја да нападнеме. Ценам дека се подобруваме во сите фази. Далеку е од она што го очекуваме сите, но сигурен сум дека секој натпревар ќе одиме во прогрес“, изјави Бабунски за локалната интернет-страница „Шампион“.

Победа по воведните две кола има два порази. Следната рунда носи дуел против Македонија ЃП.

Евротип
SNBROKER
To Top