Новости

Фудбал

Баерн и дефинитивно нема да го откупи Кутињо

Минхенски Баерн нема да ја искористи клаузулата во договорот со Филипе Кутињо и ќе остави бразилецот да се врати во Барселона летово.
Кутињо е на едногодишна позајмица во Минхен, каде не успеа да ја најде својата најдобра форма, иако постигна 9 погодоци во 32 натпревари.
Челзи е еден од клубовите заинтересирани за услугите на Кутињо, кој пред три години се пресели во Барселона од редовите на Ливерпул за сума од 145 милиони фунти.

GOLD
To Top