Новости

Фудбал

Баерн ќе испрати понуда за Сон од Тотенхем

Баерн Минхен сака да ја искористи ситуацијата околу прекинот на преговите помеѓу Хјун-Мин Сон и Тотенхем и веќе испратил порака за Јужнокореецот. 28-годишниот фудбалер игра фантастична сезона и е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата во моментов. Уште во октомври Тотенхем започна преговори за нов договор и „спарси“ му нудат плата од 200.000 фунти неделно. Меѓутоа, преговорите не одат во добра насока. Англиските медиуми пренесуваат дека Баерн стапил во контакт со агентот на Сон и му нуди 5-годишен договор со значително повисока плата. Доколку Сон не потпише нов договор до крајот на сезоната, Тотенхем сериозно ќе размислува за негова продажба.

GOLD
To Top