Новости

Фудбал

Барса го сака Иско од Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско (25), не е задоволен од статусот кој го има во тимот на европскиот првак и има намера по завршувањето на сезоната да замине во екипа каде ќе биде стандарден.

Иско, еден од најталентираните шпански играчи, во 2013 година за сума од 30 милиони евра од Малага пристигна во Реал, но не добишанса во континуитет да настапува во стартниот тим.

Фудбалерот е разочаран, не сака да ја чека својата шанса кај Зинедин Зидан бидејќи знае дека нема да ја добие, во ситуација кога средниот ред со Каземиро, Крос и Модиќ делува речиси беспрекорно.

Поради тоа Иско решил да замине иако Реал му нуди да потпише нов договор. Според шпанските медиуми играчот не бил заинтересиран да го продолжи договор, според кој треба да му биде зголемена и плата.

„Иско сака да биде стандаден играч во тимот, зголемувањето на платата нема да го премисли“, пишува El Mundo Deportivo.

Истито извор открива дека главен фаворит за неговиот потпис е најголемиот ривал на Реал, Барселона.

Доколку се остварат овие најави Иско ќе стане 13-от во историјата кој од Реал се преселил во Барселона. Во минатото тоа го направиле Ето, Перез, Гасија Лара, Просинечки, Лопетегуи, Хаџи, Амадор, Милер, Переда, Перез и Лизарага.

Меѓутоа само тројца од овие 12 направиле директен трансфер од „Сантијаго Бернабеу“ на „Ноу Камп“: Лусиано Лизарага во далечната 11905 година, потоа Лусиен Милер во 1965 година и актуелниот тренер на Барселона Луис Енрике пред 21 година.

GOLD
To Top