Новости

Фудбал

Барса губи милиони, дресовите „пуштаат боја“?!

Каталонските медиуми јавуваат дека Барселона се соочува со загуба од 15 до 20 милиони евра поради одложувањето на официјалното претставување на новиот дрес. Како што веќе е познато, откриени се проблеми со материјалот, поради кој дресот „пушта боја“ кога ќе дојде во допир со вода или пот. Барса според информациите ќе бара отштета од компанијата Најк поради овие проблеми. Доколку американската компанија одбие да исплати компензација, Барселона ќе го тужи својот главен спонзор.

GOLD
To Top