Новости

Фудбал

Барса со нови проблеми, Пике го чека подолга пауза

Жерард Пике ќе биде надвор од терените во наредните месеци поради повреда на десното колено. Од „Камп Ноу“ денес објавија дека дефанзивецот има истегнати вкрстени лигаменти и повредата е потешка отколку што првично се очекуваше. Според шпанските медиуми, ова ќе го извади Пике од составот на Барселона неколку месеци. Поранешниот шпански репрезентативец го изврте коленото откако Анхел Кореа падна врз него во второто полувреме на синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид. Роналд Куман има огромни проблеми во одбраната. Клемент Ленгле е единствениот централен дефанзивец од првиот тим.

GOLD
To Top