Новости

Фудбал

Брахими има понуди да мине во клуб од Серија А

Јувентус ги следи настапите на фудбалерот на Порто, Јасин Брахими. Според последните информации, извидниците на „старата дама“ биле присутни на саботното дерби меѓу Бенфика и Порто.

Алжирецот со француски пасош одамна е во видното поле на „бјанконерите“, кои размислуваат да испратат понуда во текот на летото. Кариерата на 27-годишниот фудбалерот од средниот ред започнува во францускиот Рен , по што поминува низ шпанската Гранада пред во 2014 година да потпише со Порто.

Тогаш „змејовите“ платија 6,5 милиони евра за неговите права, но, сега сигурно ќе сакаат многу повеќе од потенцијалните купувачи бидејќи Брахими е еден од главните играчи на португалскиот гигант.

Евротип
SNBROKER
To Top