Новости

Фудбал

Венгер откри како го одбил Баерн Минхен

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер во разговор за германски Билд откри на кој начин Баерн го контактираше, откако германскиот клуб му врачи отказ на хрватскиот стратег Нико Ковач. Венгер добил повик лично од претседателот на извршниот одбор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, но французинот ја одбил понудата. Венгер во интервјуто исто така открива дека два пати во својата кариера го одбил Реал Мадрид, а еднаш Јувентус, сето тоа поради верност кон Арсенал, клубот во кој помина 22 години од својата тренерска кариера. Ковач сега е тренер на Монако, каде Венгер помина седум сезони од 1987. до 1994. година. На крајот, Ковач на клупата на Баерн го замени тогаш помошниот тренер Ханси Флик, кој ја освои Бундеслигата, германскиот Куп, Лигата на шампионите, германскиот Суперкуп и европскиот Суперкуп.

GOLD
To Top