Новости

Фудбал

Вудвард проговори за иднината на Солскјер во клубот

Манчестер Јунајтед останува целосно верен на проектот кој го предводи менаџерот Оле Гунар Солскјер, изјави главниот оперативец на Олд Трафорд, извршниот директор на клубот, Ед Вудвард. Човекот задолжен за најважните обврски во англискиот великан ги отфрли сите сомнежи дека норвежанецот би можел да добие отказ по исклучително лошиот старт на „црвените ѓаволи“ оваа сезона. Јунајтед се наоѓа на 14. место на премиерлигашката табела, а во последните седум натпревари, три пати беше поразен, а се уште чека и на триумф на домашен терен. Поразот од Башакшехир во Истанбул додатно ги подгреа шпекулациите за отказ на Солскјер, но Вудвард ги демантираше. „На теренот, иако има се уште простор за поголема конзистентност, и понатаму остануваме апсолутно верни на позитивниот пат на кој одиме под Оле, додека екипата и понатаму се развива.“ – вели Вудвард.

GOLD
To Top