Новости

Фудбал

Гвардиола го доведе стоперот на Бенфика за 71 милион евра

Манчестер Сити за 71 милион евра го доведе португалскиот дефанзивец Рубен Диас. Играчот потпиша договор на шест години, а во правец кон неговиот поранешен клуб Бенфика се упати аргентинецот Николас Отаменди за 15 милиони евра. 23-годишниот Диас е третото засилување за Сити и Пеп Гвардиола ова лето, по Нејтан Аке и Феран Торес. „Успесите на Сити говорат за себе. Тие се доминантна екипа во Англија во последните неколку сезони. Играат напаѓачки фудбал и верувам дека тоа ми одговара како играч.“ – изјави Диас, кој во својата кариера запиша 113 сениорски настапи за Бенфика. Во последните сезони беше поврзуван со трансфер во Арсенал, но на крајот ја пополни „дупката“ во одбраната на Сити, која минатиот викенд прими пет погодоци на домашен терен од Лестер. Диас за португалската репрезентација има 19 настапи.

GOLD
To Top