Новости

Фудбал

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити

Менаџерот на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го продолжи договорот со „граѓаните“ до 2023 година. Актуелната соработка имаше важност до 2021 година, односно до крајот на сезоната, но она што медиумите го најавија уште пред некој месец доби реализација. Пеп пристигна на клупата на „граѓаните“ во 2016 година, успеа да стигне до две премиерлигашки титули, но не ја освои Лигата на шампионите. Тоа како голема желба на сопствениците на тимот и натаму останува проект на кој ќе работат со Шпанецот.

GOLD
To Top