Новости

Фудбал

Гвардиола пронајде дефанзивец, Сити пред потпис со Рубен Дијас

Манчестер Сити до крајот на преодниот рок ќе ги засили своите редови со еден врвен дефанзивец. Прва желба на Гвардиола беше стоперот на Наполи, Калиду Кулибали, но двата клува никако не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. Поради тоа „граѓаните“ веќе разгледуваат алтернативи,а угледниот португалски медиум „Рекорд“ денеска пренесува дека Сити влегол во преговори со Бенфика за ангажман на Рубен Дијас. „Граѓаните“ за играчот ќе треба да плататат 55 милиони евра, но како дел од зделката ќе биде вклучен и Николас Отаменди.

GOLD
To Top