Гол на Пејаковиќ за победа над Борец, Пелистер бега од дното на табелата

Екипата на Пелистер вчера во Битола ја продолжи победничката серија, која веќе во три кола им донесе 9 бода, против екипите на Ренова, Струга ТМ и Борец, кој е директен противник за опстанок во лигата.
“Тврдиот“ натпревар го реши еден детаљ, а тоа голот на Пејаковиќ во 41 минута, а тренерот Димитар Капинковски по победата и добрата серија рече:
-Првенствен натпревар во кој во преден план беа бодовите во директната борба за опстанок. Самото тоа донесе тврд и неизвесен натпревар, со шаховска борба и многу тактика на теренот. Имавме среќна можност да постигнеме гол навреме. Сигурно дека ова е многу значајна победа, значајни бодови за понатамошниот тек. Треба да продолжиме во овој ритам за да обезбедиме место во помирната зона на табелата, за да го избегнеме баражот за опстанок.
