Гонзалес на жешкото столче на Реал Мадрид

Ситуацијата во Мадрид не е најдобра, иако во преодниот рок овој тим не беше многу активен, сепак челниците на клубот очекуваа многу подобри игри во новата сезона.
Главниот виновник за секој не успех секогаш е тренерот, во случајов Зинедин Зидан. Веќе почнаа шпекулации за негов наследник на клупата доколку тимот не влезе во посакуваниот ритам.
Доколку не оствари успех против Барселона и Борусија Мехенгладбах, во тој случај експресно ќе стане екс-тренер, а на негово место ќе дојде легендата на Реал и светскиот фудбал, Раул Гонзалес.
Некогашниот капитен на Реал е подготвен да седне на жешкото столче на овој тим.
