Новости

Фудбал

Дамњановиќ го напушта Вардар за да мине во унгарскиот Шиофик

Сања Дамјановиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти ЖРК Вардар и кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, во екипата на Шиофок.
Унгарскиот клуб го потврди трансферот и објави дека со репрезентативката на Србија е потпишан двегодишен договор.

Дамјановиќ пред две години дојде во ЖРК Вардар од дански Виборг како една од најдобрите ракометарки во светот на левата бековска позиција. Таа беше дел од тимот кој две години играше на завршниот тирнир во Лигата на шампионите и го освојуваше третото место.

Дамјановиќ во кариерата има настапувано во Раднички Белград, Наиса Ниш, Крим, Зајечар, Подравка и Виборг. Ги освоено шампионските титули во првенствата на Србија, Словенија, Хрватска, Данска и Македонија, а со Виборг во 2014 година победи во Купот на победниците на Куповите. Со српската репрезентација има сребро од Мундијалот во 2013 година.

Евротип
Евротип
To Top