Новости

Фудбал

Данците утрово ја открија состојбата на Ериксен

Утрово, Фудбалскиот сојуз на Данска ги објави официјалните информации за состојбата на Ериксен.

„Ова утро разговаравме со Кристијан Ериксен, кој испраќа пораки на благодарност до неговите соиграчи. Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане во болница се додека не завршат другите тестови“, се вели во соопштението.

„Тимот и стручниот штаб беа во шок по вчерашните настани, но тие и понатаму се едни покрај други. Им благодариме на сите за пораките за поддршка на Ериксен. Ќе се потрудиме сите овие пораки да ги доставиме до Ериксен и неговото семејство “

СН Брокер
To Top