Новости

Фудбал

Два брзи погодоци на Украина, Македонија без одговор

Украинската репрезентација даде два брзи погодоци на мечот со Македонија и дојде до водство од 2-0, што секако не оди во прилог на нашата селекција.

Јармоленко во 29-та минута погоди по една мешаница во нашата одбрана, за само пет минути подоцна и Јаремчук да се запише во листата на стрелици по брз контра напад.

Неколку минути по вториот погодок, и Пандев се запиша во листата на стрелицте, но голот беше поништен поради офсајд ситуација. Сигурно е дека македонскиот кормилар Ангеловски ќе мора да менува нешто во второто полувреме.

GOLD
To Top