Новости

Фудбал

„Денеска е нормално да се плати висока отштета!“

Каи Хаверц дебитираше за Челзи во гостинската победа над Брајтон со 3:1 во првото коло од Премиерлигата, но не се претстави во светло кое се очекуваше од играчот кој е доведен за рекорден износ. 21-годишниот германски интернационалец за 80 милиони фунти пристигна од Баер Леверкузен, а неговиот трансфер со бонуси може да стигне до сума од 100 милиони фунти, со што стана најскапиот фудбалер во историјата на Челзи. И покрај неуверливото деби, Хаверц е сигурен дека брзо ќе се прилагоди на Премиерлигата. Исто така, цената која Челзи ја плати за него ја нарече „нормална“. „Секако дека отштетата е висока, но сметам дека во денешниот фудбал секако е нормално да се плати таков износ за играч. Јас сигурно нема да си ставам притисок врз себе поради тоа. Сакам да играм фудбал и ќе дадам се од себе, затоа и сум овде.“ – изјави Хаверц.

GOLD
To Top