Новости

Фудбал

Диего Коста доби затворска казна!

Како што веќе беше пренесено, Диего Коста затаил преку пет милиони евра, со што ја оштетил државата за околу милион евра. Денеска на бразилецот со шпански пасош му беше изречена казна, и тоа затворска, во висина од шест месеци. Сепак, како што тоа е скоро секогаш со спортистите, Коста нема да заврши зад решетки, бидејќи се согласи да плати казна. Затворската казна така е заменета со едногодишна казна, според која Коста секој ден е обврзан да уплаќа по 100 евра на сметката на државата, како на крајот би ја платил казната во висина од 36 илјади евра. Коста во судот во Мадрид ја признал вината, а пред неколку месеци платил 1,1 милион евра, кои ги должеше на државата како данок.

GOLD
To Top