Новости

Фудбал

Диего Коста проговори за доаѓањето на Луис Суарез

Луис Суарез дебитираше во дресот на Атлетико Мадрид во натпреварот против Гранада на домашен терен. Само што пристигна на Ванда Метрополитано, а на уругваецот му беа потребни само 20 минути да постигне два погодоци и една асистенција против нималку наивната Гранада. Суарез влезе во игра на местото на Диего Коста, кој наскоро би можел да го напушти клубот, но не би му сметало ниту доколку остане во Мадрид. Бразилецот со шпански пасош даде интересен осврт на констатацијата дека тој со Суарез би можеле да бидат убиствен тандем. „Би биле навистина добри. Едниот гризе, додека другиот ги удира противниците.“ – вели Коста.

GOLD
To Top