Новости

Фудбал

Драмата на Ериксен ја гледаше играчот чие срце не работеше 78 минути: Плачев, сè што поминав ми се врати

Кристијан Ериксен колабираше на теренот вчера кон крајот на првото полувреме од 1.коло од групата Б помеѓу Данска и Финска.

Лекарите го реанимирале неколку минути, по што бил пренесен во болница, од каде контактирал со своите соиграчи кои потоа решиле да го продолжат натпреварот. Сцените во кои Ериксен лежи неподвижен на тревникот и лекарите го спасуваат додека соиграчите формираат жив ѕид околу него го шокираа целиот свет.

Веднаш по ужасниот настан, Твитер се сруши и целиот свет се распрашуваше за состојбата на Ериксен. Нешто повеќе од еден час подоцна, УЕФА објави дека Данецот е стабилен и дека неговата состојба е под контрола.

Драмата на Ериксен ја гледаше и Фабрис Муамба, пензиониран англиски фудбалер кој доживеа слична ситуација на натпреварот помеѓу Болтон и Тотенхем на натпреварот од ФА Купот во 2012 година.

Тогашниот 24-годишен играч на Болтон исто така пропадна на теренот од чист мир. Неговите соиграчи и лекари му помогнаа, како и кардиолог кој случајно се најде меѓу навивачите. По долга реанимација на терен, Муамба бил пренесен во болницата.

Лекарот на Болтон изјави дека Муамба доживеал серија електрични шокови и бил клинички мртов неверојатни 78 минути. Тој беше на интензивна нега два дена, по што состојбата започна да се подобрува, а месец и половина подоцна беше пуштен од болница со вграден пејсмејкер.

Муамба целосно се опорави, а пет месеци подоцна објави дека ја завршува својата кариера.

По драмата на Ериксен за Дејли Меил, тој напиша како е да се гледа.

“Плачев. Дојдов кај еден пријател и само што почнав да го гледам натпреварот кога падна Ериксен. Колку подолго го гледав преносот, толку пострашно стануваше. Јас дури и не го познавам Кристијан, но само една мисла мина низ главата. ‘Ајде, Ериксен. Ајде. ‘ Се што поминав ми се врати, се обидувам да не размислувам за тоа често, но понекогаш е тешко. Кога го видов Ериксен, веднаш го повикав татко ми и го прашав зошто ова требаше да му се случи на ова момче, пресреќен сум што доаѓаат добри вести од болница, но нема да бидам смирен сè додека не го видам на нозе. Му посакувам се најдобро во закрепнувањето”, напиша Муамба.

Извор

Евротип
Евротип
To Top