Новости

Фудбал

Европското првенство се сели на Островото?!

Овогодинешниот фудбалски Европски шампионат е се поблиску. Требаше да биде одигран минатата година, но поради пандемијата беше одложен за годинава. Требаше да се игра во дванаесет држави ширум стариот континент, но се чини дека и таа идеја ќе биде отфрлена. Натпреварувањето е планирано за периодот од 11. јуни до 11. јули, а како што се чини сите натпревари ќе бидат одиграни во Велика Британија. Владата на Британија наводно веќе испратила предлог за организација на натпреварувањето, меѓу плановите се наоѓа и точка дека ќе има и навивачи на стадионите, а бројката на посетители ќе се движи околу четири илјади. Останува да видиме како ќе одговори УЕФА, а „Вембли“ секако беше планиран за едно полуфинале и големото финале.

GOLD
To Top