Новости

Фудбал

Ериксен е свесен, се опоравува откако колабираше на терен

Последните информации од Копенхаген носат позитивни вести, дека репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен, е свесен, односно полека се опоравува по драматичната ситуација по колабирањето среде натпреварот против Финска на ЕУРО 2020, објави Екипа.

Фотографијата како Данецот лежи на болничката носилка донесе радост на милиони фудбалски фанови во светот, чии молитви се играчот на Интер.

Данскиот репрезентативец се струполи на теренот, по што веднаш реагираа медицинските екипи. Сцените на стадионот „Паркен“ беа страшни, бидејќи медицинските лица се чини се обидуваа да го оживеат фудбалерот и му беше правена масажа на срцето.
Се огласија и од УЕФА, од каде сооопштија дека играчот е свесен и е моментално во болница.

GOLD
To Top