Новости

Фудбал

Жунињо: Бразилските фудбалери се алчни за пари

Бразилецот Жунињо вели дека во Бразил се негува култура со која фудбалерите се учат да бркаат пари. Спортскиот директор на Лион вели дека во Бразил се негува култура со која фудбалерите се учат да бркаат пари и додава дека Нејмар е класичен пример за ова, напаѓачот го облекол дресот на „светците“ поради милиони. „Во Бразил ве учат да мислиме само на пари, во Европа има поинаков менталитет. Несвесно и јас направив план за кариерата на основа на парите. Сакав да се преселам во голем клуб, но не поради спортски причини. Ме учеа да одам онаму каде што ќе ме платат најмногу. Тоа е бразилскиот начин. „Погледнете го Нејмар. Се пресели во ПСЖ само поради парите. ПСЖ му даде се што посака, и сега сака да замине пред истекот на договорот. Но сега е време да им врати, да покаже благодарност. Нејмар мора да го даде максимумот на терен, да покаже целосна посветеност, одговорност и лидерство“, вели поранешниот фудбалер на Лион и Васко де Гама.

GOLD
To Top