Новости

Фудбал

ЖФК „Топ Гол“ ја промовираше новата опрема

Женскиот фудбалски клуб Топ гол, на својот редовен тренинг ја промовира новата спортска опрема која ќе ја користи во пролетната полусезона од првенството. Станува збор за реномираната компанија за производство на спортска опрема Uhlsport. Покрај стандардната опрема за натпревар, Топ гол обезбеди и спортски реквизити и справи за тренинг.
– Спортската опрема многу значи за непречено натпреварување и тренирање. Обезбедивме комплет нови дресови, тренерки, маички и секако голем број на реквизити за тренинг. Пред стартот на вториот дел од првенството ова е силен мотив за фудбалериките да го дадат својот максимум на натпреварите. Ни изјави Кире Грбевски претседателот на Топ гол.

GOLD
To Top