Новости

Фудбал

Ибрахимовиќ е позитивен на КОВИД-19, еве што порача!

Вест на денот во италијанскиот фудбал е информацијата дека Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус. Шведскиот интернационалец беше еден од јунаците на претходниот натпревар на Милан против Болоња, постигна два погодоци,а требаше да настапи и во квалификацискиот натпревар за Лига Европа против Бодо Глимт. Сепак, тој нема да настапи поради позитивен тест на коронавирусот. По тој повод Златан се огласи во негов стил. „Вчера имав негативен тест, а денеска позитивен. Немам никакви симптоми. КОВИД имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја.“ – напиша Ибрахимовиќ.

GOLD
To Top