Новости

Фудбал

Инсиње верен на Наполи до 2022 година

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње го продолжи договорт со Наполи до 2022 година.

Лоренцо Инсиње, единствениот Наполитанец во тимот на Наполи, ќе остане во клубот до 2022 година, откако двете страни ги договорија сите услови. Според новиот договор, напаѓачот ќе добие повисока плата, четири милиони евра по сезона.

Според италијанските медиуми, во договорот нее вметната откупната калузула, иако претседателот Аурелио де Лаурентис инсистирал таа да изнесува 100 милиони евра, а со цел да спречи да се повтори сценариот со Гонзало Игуаин.

Инсиње, минатата сезона постигна 16 голови на 42 натпревари. Во тековното првенство Наполи се наоѓа на третото место со 67 бода, четири помалку од Рома и десет од лидерот Јувентус.

GOLD
To Top