Новости

Фудбал

Интер го продава Лаутаро, позната и цената

Лаутаро Мартинез повеќе од сигурно е дека ќе го напушти Интер ова лето, но само доколку некој ја плати откупната клаузула која е во висина од 111 милиони евра, истакна спортскиот директор на клубот, Пиеро Аусилио.
Аргентинскиот напаѓач е прва мета на Барселона за ова лето, а во минатиот месец во неколку наврати каталонскиот клуб испрати понуда за размена на неколку играчи од нивниот тим, како би го довеле Лаутаро на Камп Ноу. Аусилио ги потврди тие шпекулации, но истакна дека Интер не е заинтересиран во своите редови да ги доведе Нелсон Семедо и Самуел Умтити, како замена за Мартинез. Барселона нема доволно финансиски средства за купување на Мартинез, па се очекува да продаде неколку играчи, а откупната клаузула на напаѓачот истекува на 7 јули.

GOLD
To Top