Новости

Фудбал

Интер доби одлични вести пред вечерашното дерби!

Вечерва од 18 часот се игра дербито на Милано помеѓу Интер и Милан. „Интеристите“ во текот на паузата за репрезентации ги броеја заразените со коронавирус во клубот и беа во исчекување во каква состојба ќе се вратат сите репрезентативци, но тестирањето по враќањето во клубот даде добри вести, сите се здрави. Меѓу повратниците се наоѓаат Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ, кои ќе бидат во конкуренција за настап против Милан, додека Роберто Гаљардини, Милан Шкринијар, Раџа Наинголан, Ешли Јанг и Јонут Раду се се уште во карантин. Алесандро Бастони беше негативен на последното тестирање, се чекаат резултатите од вториот тест. Доколку и тој биде негативен, Бастони ќе биде на располагање на Конте. Според последните информации, Милан поради коронавирусот на ова дерби ќе биде без двајца фудбалери, Матео Габиа и Лео Дуарте, кој ионака не е стандарден. Златан Ибрахимовиќ исто така имаше позитивен резултат на коронавирусот, но тој уште пред неколку дена во негов стил објави дека се опорави и е подготвен за дербито.

GOLD
To Top