Новости

Фудбал

Интер и Манчестер Сити подготвуваат сензационална трампа?

Веќе е познато дека Пеп Гвардиола сака да доведе дефанзивец ова лето, а прв на неговата листа е Милан Шкринјар, словакот кој е играч на Интер. Ако се прашува Конте, ќе биде невозможна мисија да се убеди да го пушти својот најдобар дефанзивец, но Марота е подготвен да преговара. Доколку Барселона дојде со доволна понуда за Лаутаро Мартинез, Интер ќе остане со „дупка“ во нападот, па ќе им биде потребен напаѓач. Според информациите, наместо пари за Шкринјар, Интер во замена ќе го бара Серхио Агуеро! Интер во најскоро време се очекува да ги официјализира трансферите на Ашраф Хакими и Тонали, а се очекува во Милано да пристигне и левиот бек Емерсон Палмиери.

GOLD
To Top