Новости

Фудбал

Исланд и направи голема услуга на Македонија, доби златна шанса за бараж за СП Катар

Репрезентацијата на Исланд успеа да извлече нерешен резултат на гостувањето во Романија 0-0 и со тоа да ни направи голема услуга во борбата за 2 место во групата , кое води во бараж натпреварите за СП Катар.

Исланѓаните храбро се спротиставија на Романците , дури и можеа до победа но и вака е добро за Македонија.

Исланд воопшто не беше во подредена улога, иако очекувано Романија имаше повеќе од играта во Букурешт.

Најголемата шанса Романците ја имаа на пет минути пред крајот кога Хаџи ја погоди стативата од голот на Исланд.

Македонија со победа токму против Исланд во недела , обезбедува место во баражот за СП Катар.

Евротип
Евротип
To Top