Новости

Фудбал

Канатларовски го објави списокот за натпреварите против Франција и Србија

Македонската репрезентација до 21 година на почетокот на септември го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. Нашата селекција првите два натпревари ќе ги одигра против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Новиот предводник на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за двата меча од квалификациите за ЕП ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);

Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);

Средина: Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);

Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);

„Нов почеток и за мене и за фудбалерите. Со радост и  нетрпение ја очекувам средбата со фудбалерите. Оваа генерација започнува нов квалификациски циклус и навистина задоволството и честа да ја предводам се големи, исто како и нашите очекувања од квалификацискиот циклус. На списокот се повикани во моментот најдобрите фудбалери со кои располагаме. Еден од главните услови за да бидат во репрезентацијата е стандардно да настапуваат во своите клубови. Не очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Србија, репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери. Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреаврите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари.“ – порача селекторот Канатларовски.

Евротип
SNBROKER
To Top