Новости

Фудбал

Капинковски: Годи победата над Вардар, но сакаме да се надигруваме и против Работнички

Силниот ритам на натпревари во Првата фудбалска лига продолжува и по Куп-натпреварите во средата, викендов се враќа на сцена шампионатот и 26. коло. Пелистер гостува кај Работнички и верува во продолжување на позитивната серија оваа пролет. „Зелените“ загубија само еден натпревар, против Шкендија, и зачекорија кон средината на табелата.

Тренерот Димитар Капинковски со комплетен тим ќе се обиде да освои бод(ови) и во Скопје.

„Ни годи победата во „вечното дерби“ против Вардар и после таков триумф, атмосферата е позитивна. Но, ние со секој ривал, без разлика дали се викал Вардар или Работнички, мора да се надигрување и да играме на победа, за да ги оствариме нашите амбиции – опстанок во лигата, по можност да го избегнеме и баражот.

Работнички е многу квалитетна екипа, клуб со долга традиција и очекувам тврд и неизвесен натпревар. Одиме да се надигрување, да се обидеме да постигнеме гол повеќе за позитивен резултат“, заклучи Капинковски.

Струмичанецот Гоцевски ќе го води натпреварот, кој ќе се игра в сабота од 13:00 часот.

GOLD
To Top