Новости

Фудбал

Кире Маркоски потпиша за чешкиот клуб Карвина

Охриѓанецот Кире Маркоски професионалната фудбалска кариера ќе ја продолжи во Чешка. Повремениот репрезентативец потпиша договор со екипата на Карвина која се натпреварува во Првата лига. „Нов клуб и нов предизвик. Среќен сум што направив чекор напред во кариерата и се надевам дека ќе ги исполнам сите цели и задачи“ изјави Маркоски.

Минатава сезона Маркоски ја помина во Кипар носејќи го дресот на АЕЛ Лимасол.

GOLD
To Top