Новости

Фудбал

Кои играчи ја одбележаа сезоната во Премиерлигата?

Во Англија се одбрани кандидатите кои ќе претендираат за две награди. Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја освои наградата за играч на сезоната по изборот на фудбалските новинари, а сега е редот на навивачите да ги изберат најдобрите. „ЕА“ ја објави листата на седум фудбалери кои се во трка за најдобар играч на сезоната, а на листата се наоѓаат: Трент Александер-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане од Ливерпул, Кевин Де Брујне од Манчестер Сити, Дени Ингс од Саутемтон, Џејми Варди од Лестер и Ник Поуп од Барнли. Покрај тоа, се бира и најдобар млад играч на сезоната во Премиерлигата, а наградата ќе му припадне на еден од следните играчи: Трент Александер-Арнолд, Мејсон Гринвуд, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд, Кристијан Пулишиќ, Мејсон Маунт, Дин Хендерсон и Џек Грилиш.

GOLD
To Top