Новости

Фудбал

Колку вреди Ељиф Елмас?

Џорџ Гарди е менаџерот на Ељиф Елмас во Италија, а токму тој за медиумите од оваа земја изјави дека вредноста на македонскиот репрезентативец скокнала, па сега тој на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра. „Кога имате стандарден репрезентативец, кој постигнува голови, ја креира играта на националниот тим, нормално е цената да се зголеми. Наполи има фудбалски бисер во тимот, кој сега вреди 40 милиони евра“ – изјави Џорџ Гарди. Наполи досега потврди дека нема намера да го продава Елмас, велејќи дека тој е важен играч за славниот клуб од Италија кој има намера да го направи стандарден првотимец на клубот.

GOLD
To Top